• петок, 22 ноември 2024

Кушнер: Израелската анексија сега е неприфатлива

Кушнер: Израелската анексија сега е неприфатлива
Ерусалим, 30 јануари 2020 (МИА) - Високиот официјален претставник на Белата куќа Џаред Кушнер изјави денеска дека Вашингтон сака Израел да почека изборите да бидат завршени на 2 март, пред да преземе какви било чекори кон анексирање на населбите на Западен Брег. - Ќе видиме што ќе се случи. Се надевам дека ќе чекаат до завршување на изборите, рече Кушнер, кој е архитект на мировниот план за Блискиот исток, претставен од американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот, кој веднаш беше одбиен од Палестинците. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека следната недела ќе го одобри законот за еврејските населби на Западниот Брег, што може да биде првиот чекор кон официјална анексија на тие населби, заедно со долината Јордан на Западниот Брег - територија окупирана од Израел од 1967 година, што Палестинците ја бараат за идна држава. паг/  

Остани поврзан