• вторник, 19 ноември 2024

Кучето на Џо Бајден вон Белата куќа поради агресивност кон вработените

Кучето на Џо Бајден вон Белата куќа поради агресивност кон вработените

Вашингтон, 5 октомври 2023 (МИА) - Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден, по име Командер, кое постојано напаѓало и каснувало членови на Тајната служба, е преместено од Белата куќа на друго место.

Вкупно 10 напади биле регистрирани од октомври 2022 година до јануари 2023 година. На една вработена неодамна ѝ била потребна и лекарска помош откако била нападната и касната од оовој двегодишен германски овчар.

Елизабет Алегзандер, претставничка на првата дама Џил Бајден, потврди дека Командер во мигов не е во комплексот на Белата куќа и oти „се проценуваат следните чекори“ околу домашниот миленик.

Таа истакна дека семејството Бајден доста посветено се грижи за безбедноста на своите вработени и сите други кои ги штитат секој ден.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан