• вторник, 26 ноември 2024

Курц бара од ЕУ да воведе ковид-пасош

Курц бара од ЕУ да воведе ковид-пасош
Виена, 25 февруари 2021 (МИА) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц пред денешниот Самит на Европска Унија побара воведување европски пасош за вакцинираните лица против Ковид-19. - Сакаме што е можно побрзо да се вратиме на нормалноста и на максималната слобода. Се додека постои пандемијата и вирусот тоа е можно само ако имаме мерки на заштита, дали преку вакцинација или тестови, истакна Курц. Тој додаде дека е потребен европски пасош за вакцинираните лице, со што ќе се овозможи слободно движење. Курц најави дека иницијативата за европски ковид-пасош ќе ја претатви на Самитот на ЕУ и оти има голем број на сојузници, пред се од туристичките држави Грција, Кипар и Малта, потоа од балтичките дрќави, но и од Шпанија, Хрватска и Словачка. Додека Германија, Белгија, Холандија и Франција не сакаат брзи одлуки за ковид-пасошот. Таков пасош веќе има Израел. ми/

Остани поврзан