• недела, 22 декември 2024

Куртоа: Додека Тедеско е селектор, нема да играм за Белгија

Куртоа: Додека Тедеско е селектор, нема да играм за Белгија

Мадрид, 23 август 2024 (МИА) - Од претходно беше познато дека Тибо Куртоа и Федерико Тедеско не се на иста бранова должина, но одличниот голман на белгиската фудбалска репрезентација сега јавно објави дека нема надеж за него во репрезентацијата се додека го води актуелниот селектор.

Во пресрет на новата сезона во Лигата на нации, искусниот чувар на мрежата се огласи на платформата Х и пред да го објави својот избор, прво и објасни на нацијата колку навистина сака да игра за земјата.

-Сакам да испратам порака до сите навивачи на Белгија и оние кои ја поддржуваат нашата репрезентација. Чувствувам неверојатна љубов и чест кога ја претставувам мојата земја на теренот, бидејќи и самиот сум навивач на „црвените ѓаволи“. Се чувствувам привилегиран што сум способен да го облечам дресот на Белгија, што не можев да замислам ниту во најлудите соништа, тврди поранешната „единица“ на Генк, Атлетико Мадрид и Челси.

А потоа се фати за работа и го впери прстот кон младиот Италијанец на клупата на „црвените ѓаволи“. И ја стави Федерацијата на таа земја пред избор - него или шефот на стручниот штаб, кој им дава предност на играчите во добра форма.

-За жал, по она што се случи со селекторот и моето размислување, решив дека повеќе нема да играм за Белгија додека тој е селектор. Го прифаќам мојот дел од одговорноста во ова. Сепак, гледајќи напред, мојата недоверба кон него не би била добра за атмосферата во соблекувалната. Од Федерацијата, со која имав дискусии, го прифатија мојот став и причините што доведоа до оваа болна одлука. Жал ми е што може разочарав некои навивачи, но убеден сум дека ова е најдобриот начин за Белгија, бидејќи му овозможува на тимот да се фокусира на остварување на своите цели, заклучи Куртоа.

Куртоа не беше во составот на Белгија за ЕП 2024 година, иако по скинатите лигаменти на коленото и пропушти добар дел од минатата сезона, бранеше за Реал во финалето на Лигата на шампионите што го добија против Борусија Дортмунд. Тој нема играно за својата земја од јуни 2023 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан