• сабота, 23 ноември 2024

Курти му ја олеснува на Вучиќ косовската игра

Курти му ја олеснува на Вучиќ косовската игра

5 јуни 2023 

Франфуртер алгемајне цајтунг

 

Косовскиот премиер Албин Курти со отфрлање на секоја варијанта на Заедницата на српски општини му олеснува на „белградскиот автократ“ Александар Вучиќ да го дестабилизира Косово, оценува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

„Во заветрината на руската војна во Украина, Западен Балкан повторно добива поголемо внимание во Европа. Добро е што е така“, пишува во неделниот коментар на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Новинарот Михаел Мартенс во коментарот не потсетува на неодамнешните судири на северот на Косово, во кои беа повредени десетици војници на НАТО и српски демонстранти.

„Косовскиот премиер Албин Курти сака со сета сили на северот од Косово да воспостави државен монопол на сила. Српскиот претседател Александар Вучиќ, чија влада не ја признава независноста на Косово, сака да го спречи тоа - и тој е доста успешен во тоа. Додуша, Курти непотребно му ја олеснува работата“, додава угледниот весник.

Мартенс потсетува дека пред десет години Бриселскиот договор предвидуваше формирање заедница на општини и енклави во кои Србите се мнозинство.

„Тоа Курти го спречува со понекогаш проѕирни изговори. Тој тврди дека Заедницата на српските општини ќе го носи семето на отцепувањето на тие области од Косово“, се додава во коментарот на весникот.

„Но, дури и да игнорираме дека српските енклави на југот се опкружени со албански населби и дека не можат туку така да се отцепат од Косово, косовската Влада има начин да го исфрли тој адут од раката на Вучиќ. Моделите на заедницата на општини кои ќе му овозможат на српското малцинство да има далекусежна самоуправа без да ја загрози косовската држава или да ја поттикне опасноста од отцепување се сосема замисливи“, додава Мартенс и заклучува:

„Меѓутоа, бидејќи Курти ја отфрла идејата за Заедницата на српските општини, на белградскиот автократ Вучиќ му е лесно да го спроведе својот план - да го дестабилизира Косово и да ја обвини Приштина. Тоа не е во интерес на Косово или на Западот“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан