• среда, 17 јули 2024

Курс за театар и деца во Македонска Каменица

Курс за театар и деца во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 5 септември 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица во тек е пријавувањето за курсевите за театар за деца од петгодишна возраст и младинци.
Пријавувањето почна од денеска, а на курсот, како што истакна директорот на Културно-информативниот центар „Романса“ Гоце Стојановски можат да се пријават лица од Македонска Каменица и околните градови.
- Ако твојот сон е да станеш артист, ова е твојата шанса. На курсот можат да се пријават ученици, студенти и било кои други помлади генерации како од Општина Македонска Каменица, така и од околните градови. Часовите по театар ќе ги држи нашата сограѓанка Тара Димитровска - дипломиран актер за театар и филм, истакна Стојановски.
Пријавувањето ќе се врши секој работен ден од 9 до 15 часот во просториите на Домот на културата во Македонска Каменица.
- Сите кои ќе сакаат да се пријават тоа можат да го сторат најдоцна до 24 септември 2022,  кога е планирано и да започне курсот. Сите занитересирани може да не контактираат и на телефон 078/566-469, додаде Стојановски.
Од Културно-информативниот центар „Романса“ упатија отворена покана до сите млади да ја искористат шансата и да бидат дел од оваа активност на Центарот за култура. вс/мд/

Остани поврзан