• петок, 05 декември 2025

Куп на Македонија: Силекс и Работнички без проблеми во второто коло

Куп на Македонија: Силекс и Работнички без проблеми во второто коло

 

Скопје, 26 август 2025 (МИА) – Со шест натпревари од воведното коло денеска официјално стартуваше новата сезона во фудбалскиот Куп на Македонија.

Работнички на гостински терен извојува убедлива победа од 16-0 над Карбинци, а рутински пласман во второто коло обезбедија и фудбалерите на Македонија ЃП, триумфирајќи против Љуботен со 14-0.

Второлигашот Охрид го елиминираше прволигашот АП Брера по подобро изведување пенали, откако натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1.

Силекс извојува победа од 7-1 против Евротип Онлајн, Брегалница ја елиминираше Победа Валандово со триумф од 6-0, додека Детонит на гостински терен го совлада Башкими 2008 со 4-1.

Мечот Беласица – Арсими ќе се одигра утре, а останатите средби се закажани за во септември.

На трети септември на програмата се мечевите Тетекс – Пелистер и Пчиња – Новаци, на деветти се среќаваат Победа Прилеп – Башкими Куманово додека следниот ден играат Кожуф – Шкупи, Скопје – Тиквеш и Јени Мале Спорт – Шкендија.ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан