• недела, 07 декември 2025

Куман: Имаше моменти во квалификациите кога не игравме доволно добро

Куман: Имаше моменти во квалификациите кога не игравме доволно добро

Амстердам, 18 ноември 2025 (МИА) - Селекторот на Холандија, Роналд Куман, направи краток осврт на патот на неговата селекција до Светското првенство 2026 година.

- Верувам дека имаме многу квалитетни играчи во нашиот тим и има голема конкуренција за места. Но, мора да бидеме свесни дека имаше моменти во квалификациската рунда кога не игравме доволно добро и им дозволивме на нашите противници да создаваат шанси. Треба да работиме на тоа. Се надевав дека ќе играме добро против Литванија од првата до последната минута и ќе постигнеме многу голови. Требаше да постигнеме два или дури три гола во првото полувреме. Имаше многу добри шанси, но и неколку лоши моменти. Но, генерално, тоа беше пристоен настап, изјави Куман по натпреварот.

Холандија заврши прва во Групата Г (20 бода по осум натпревари) и се пласира на Светското првенство во 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан