• недела, 22 декември 2024

Кумановци со црева краделе гориво од резервоари во Маврови Анови

Кумановци со црева краделе гориво од резервоари во Маврови Анови

Скопје, 12 септември 2023 (МИА) - Кумановци биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одземале гориво од резервоарите. Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични канти со гориво и две црева, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Синоќа околу 21 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, ги лишиле од слобода Д.С. и С.М., на возраст од 52 и 55 години, двајцата од Куманово, се појаснува во соопштението.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот. Потоа ќе им бидат поднесени соодветни пријави. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан