• петок, 22 ноември 2024

Кумановскиот Центар за социјални работи воведе два шалтери за поднесување на барања

Кумановскиот Центар за социјални работи воведе два шалтери за поднесување на барања
Куманово, 16 јуни 2020 (МИА) - Кумановскиот Центар за социјални работи воведе уште два шалтери каде корисниците можат да поднесуваат барања за остварување на права од социјална заштита, информираа денеска надлежните од установата. - Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово ги известува граѓаните кои имаат потреба од поднесување на барање за остварување права од социјална заштита дека барањата ќе се поднесуваат шалтерски и тоа за правото на додаток за помош и нега од друго лице (туѓа нега) на шалтерите на споредниот влез на установата, додека за сите останати права, право на гарантирана минимална помош, право на попреченост, социјална пензија и други права од социјална заштита, како и сите права од детска заштита, еднократна парична помош за новороденче, детски додаток, образовен додаток, посебен додаток и родителски додаток за трето дете на шалтерите во просториите на детска заштита, изјави директорката на установата, Александра Арсовска. Од кумановскиот центар за социјални работи информираат дека добиле известување од МТСП согласно кое подносителите на правата се ослободени од обврската со барањето да доставуваат и потврди дека немаат склучени договори за закуп на државно земјоделско земјиште во сопственост на државата издадена од Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство подрачна единица Куманово за сите полнолетни членови, а податоците ќе бидат обезбедени по службена должност од МЗШВ. За подносителите на барање на правото за помош и нега од друго лице задолжително со барањето треба да се достави и фотокопија од упат за закажаниот термин на мој термин до стручната лекарска комисија без разлика дали станува збор за продолжување на правото (за корисниците со контролен преглед) или за ново остварување на правото.ам/бт/

Остани поврзан