• вторник, 26 ноември 2024

Куманово одвои над 2, 7 милиони денари за градежни работи и тампонирање сообраќајници

Куманово одвои над 2, 7 милиони денари за градежни работи и тампонирање сообраќајници
Куманово, 23 мај 2022 (МИА) - Општина Куманово на јавен тендер избра компанија за градежни работи и тампонирање сообраќајници на подрачјето на општината, соопштија денеска надлежните. Општината одвои 2.728.278 денари со вклучен данок на додадена вредност за тампонирање на улиците во Kумановско. Договорот, како што е објавено на електронскиот систем за јавни набавки, е склучен на 9 мај годинава. На повикот се пријавиле шест компании од државата. Највисока добиена понуда била 5.993. 000, најниската 2.314. 500 денари. На повикот избрана е компанијата од  „Фишер Тихи ДОО увоз-извоз„ од населбата Карпош Куманово. Договорот помеѓу општината и избраната компанија има важност од 12 месеци. Изведувачот е должен да ги заврши работите во рок од 45 дена по добивањето на налогот од општината. ам/цр

Остани поврзан