• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Куманово му го нанесе првиот пораз на Академик Пловдив во БИБЛ лигата

Куманово му го нанесе првиот пораз на Академик Пловдив во БИБЛ лигата
Куманово, 18 декември 2020 (МИА) – Во регионалната кошаркарска БИБЛ лига веќе нема непоразени екипи, откако Куманово вечерва славеше во натпревар од седмото коло над лидерот Академик Пловдив со 86:71. Бугарскиот тим допатува во Куманово со максимален скор од шест победи, но беше немоќен да го избегне првиот пораз во пресметката со еден од двата македонски претставници во БИБЛ лигата. Најзаслужни за триумфот на Куманово беа Горан Марковски со 27 поени и Американецот Кори Рос (17). По четири одиграни натпревари, Куманово има половичен ефект, а во следното коло, на 23 декември, му гостува на црногорскиот Ибар. ег/бак/

Остани поврзан