• петок, 22 ноември 2024

Куманово избра оператор за авионско прскање против комарци

Куманово избра оператор за авионско прскање против комарци
Куманово, 15 јули 2022 (МИА) - Куманово избра економски оператор за авионско прскање против комарци, соопштија денеска надлежните од секторот за јавни набавки. На повикот кој беше објавен по вторпат, бидејќи првиот оглас беше поништен, избрана е компанијата „Бониер“ ДООЕЛ Куманово. За авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Биро за лекови, општината ќе одвои 472.000 денари со вклучен данок на додадена вредност. Општина Куманово на почетокот од април годинава избра оператор за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки и комарци, информираа од одделението за јавни набавки. Општината од буџетот одвои милион денари без вклучен данок на додадена вредност за вршење на оваа дејност.
Лани и претходните години, со посебен тендер беше избрана и компанија за авионска дезинсекција, но, тогаш беа одвоениоколу милион денари. ам/ар/

Остани поврзан