• петок, 22 ноември 2024

Куманово избра компанија за одржување на вертикална сигнализација

Куманово избра компанија за одржување на вертикална сигнализација
Куманово, 30 јули 2022 (МИА) - Општина Куманово избра фирма за одржување на вертикалната сигнализација. Како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки, Куманово ќе одови 1.106.034 денари. На електронската аукција помеѓу понудите од четирите компании од државата избрана е скопската „Виа Сигнал дооел“, а договорот е склучен пред десет дена. Избраната компанија е должна во рок од седум дена по претходно доставено барање од овластено лице од општината, да ги замени дотраените, искршените сообраќајни знаци и семафори на подрачјето на Куманово. Кумановци се жалат дека зачестија дефектите на вертикалната сигнализација што го оневозможува безбедното движење и на пешаците и на возачите. Граѓаните велат дека несовесни возачи постојано ги уништуваат семафорите низ градот и дека се чувствуваат небезбедно, бидејќи со голема брзина се вози и на сообраќајниците каде што има семафори и онаму каде што недостига вертикална сигнализација. ам/ев/

Остани поврзан