• вторник, 17 декември 2024

Куманово денеска потпиша договори со пет невладини организации за спроведување на активности од здравствена заштита

Куманово денеска потпиша договори со пет невладини организации за спроведување на активности од здравствена заштита

Куманово, 3 декември 2024 (МИА) - Секторот за социјална заштита од Општина Куманово и граѓански организации денеска ги потпиша договорите за спроведување на активности во областа на здравствена и социјална заштита. Општина Куманово за прв пат објави и реализираше повик за договори од здравствена заштита, додека за социјална заштита веќе се реализираа договори.

– Имаше заинтересирани луѓе, но комисијата одлучи да оддели одредена сума на средства кои се поважни за промоција и превенција од настанатите болести или настани во Општина Куманово, отколку за самото спречување. Превенирање е пред сè, изјави претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.

Здружението на дијабетичари доби 50.000 денари, исто толку средства, но за два проекти за вакцинација на деца и за проект поврзан со млади и здравје доби невладината „Дром“. По седумдесет и пет илјади денари доби нова организација од Куманово „Воец“ која ќе работи на тема против булинг во Куманово, како и невладината „Мајка“.

-На повикот се пријавија шест организации, само една беше одбиена поради некомплетна документација, изјави раководителот на секторот, Александар Крстевски.

Повикот беше дел од програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за тековната година. Здруженијата добија финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита. За оваа намена општината одвои 150.000 денари. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан