Кумановка измамена при набавка на огревно дрво
- Кумановка пријавила во полиција дека била измамена при набавка на огревно дрво, соопшти денеска СВР Куманово. Седумдесет и шестгодишната жена, вчера во 17:15 часот пријавила во СВР Куманово,
Куманово, 18 август 2022 (МИА) - Кумановка пријавила во полиција дека била измамена при набавка на огревно дрво, соопшти денеска СВР Куманово. Седумдесет и шестгодишната жена, вчера во 17:15 часот пријавила во СВР Куманово, дека била измамена од едно лице за сума од 7.000 денари.
-Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва за поевтина цена на што таа се согласила и му дала половина од договорената сума, а другиот дел се договориле да му ги исплати откако ќе ги донесе дрвата. Лицето ги земало парите, но дрва не ѝ донело, соопшти кумановската полиција.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.ам/вј/