• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кумановец и жител на Крива Паланка вознемирувале девојка и жена во одделни случаи

Кумановец и жител на Крива Паланка вознемирувале девојка и жена во одделни случаи

Куманово, 10 април 2025 (МИА) - Кумановец и жител на Крива Паланка вознемирувале девојка и жена во одделни случаи, соопшти денеска СВР Куманово. Полицијата постапувала откако девојката и жената ги пријавиле.

Вчера во 12: 45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К.(31) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период следел и вознемирувал 27-годишна девојка од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Синоќа во 23:15 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.К.(27) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период следел и вознемирувал 44-годишна жена.

И двајцата биле приведени и по целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. ам/мд/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан