Културно лето - Кисела Вода: Вечерва во Расадник концерт на Петар Грашо
- Хрватскиот пејач Петар Грашо вечерва ќе одржи концерт пред салата Расадник во Кисела Вода, со почеток од 22 часот, во рамките на Културното лето, кое го организира општината.
Скопје, 24 јуни 2023 (МИА) - Хрватскиот пејач Петар Грашо вечерва ќе одржи концерт пред салата Расадник во Кисела Вода, со почеток од 22 часот, во рамките на Културното лето, кое го организира општината.
Пред настапот на гостинот од Хрватска, забавата ќе почне во 21 часот со Жаре Бербер и Галама Бенд.
Во рамките на Културното лето, општина Кисела Вода денеска организираше и настан и за најмладите.
- Сончевиот саботен ден одлично го искористија децата кои присуствуваа на настапот на најнаградуваниот хор од ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, а потоа следеа „Игри без граници“. Учествуваа дечињата од градинките „8 Март“ и „Весели Цветови“, но и сите деца кои дојдоа во публика. Радосни и насмеани, играа и пееја, а беа забавувани од маскотите Маша и Медо, како и од неколку аниматори, информираат од општината.
За крај, децата играа зумба и латинотанци заедно со „Данса Латина Стефи“. ир
Фото: Општина Кисела Вода