• понеделник, 23 декември 2024

Кулеба: Украина и ЕУ постигнаа начелен договор за воена обука

Кулеба: Украина и ЕУ постигнаа начелен договор за воена обука
Киев, 21 февруари 2022 (МИА) - Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека Украина и Европската унија постигнале начелен договор за формирање советодавна мисија за воена обука во Украина. „Постигнавме начелен договор со ЕУ за формирање советодавна мисија за воена обука во Украина. Ова не се борбени сили“, рече Кулеба по состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ. Претходно денеска, шефот на украинската дипломатија ја повика ЕУ веднаш да примени барем дел од санкциите против Русија, со што и испрати јасна порака на Москва дека нема да се толерира понатамошна ескалација и дека Украина не е сама во оваа криза. паг/

Остани поврзан