• четврток, 19 декември 2024

Кулеба: Русија сака да ја дехуманизира Украина

Кулеба: Русија сака да ја дехуманизира Украина
Москва, 25 февруари 2022 (МИА) - Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба вечерва соопшти дека Русија се обидува да ја „дехуманизира“ Украина. „Според разузнавачките податоци, Русија планира масовна операција со лажни знамиња за да ги „дехуманизира“ Украинците и да ја обвини Украина за наводни нечовечки дејствија“, напиша тој на Твитер. „Не им верувајте на лагите. Украина ја брани својата земја во праведна и одбранбена војна“, додаде тој во твитот. „За разлика од Русија, ние не ги гаѓаме градинките и цивилите“, напиша Кулеба, во твитот што првично не можеше да биде независно потврден. сд/

Остани поврзан