Кузмановски: Среќен сум и горд на целата екипа што 60 минути се бореше за Македонија
- Најдобар на вечерашниот дуел против Португалија беше капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски, кој постигна 15 голови, а притоа ги реализираше и сите седмерци
Хернинг, 18. јануари 2026 (МИА) – Најдобар на вечерашниот дуел против Португалија беше капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски, кој постигна 15 голови, а притоа ги реализираше и сите седмерци.
- По Данска верувавме во себе, знаевме дека имаме квалитет да играме со Португалија. Добро ги анализиравме, напорно работевме и фокусот беше на Португалија и Романија. Дуелот со Данска беше за уживање. Среќен сум и горд на целата екипа што 60 минути се бореше за Македонија. Денес денот беше посебен, сите сакаа, покажаа срце, имаа крв во очите. Игравме со срце, душа и глава за Македонија. Мора на дуелот со Романија да влеземе со ладни глави, изјави Кузмановски.
Кузмановски беше прогласен и за играч на натпреварот од страна на ЕХФ. мн/
Фото: РФМ