• вторник, 17 март 2026

Кузеска: Секој што го прекршил законот мора да одговара

Кузеска: Секој што го прекршил законот мора да одговара

23 февруари 2026

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување, истакнува на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, што МИА ја пренесува интегрално.

По денешниот театар на македонската граница, веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор.

СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност.

Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати.

На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот наркоскандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски.

Но и многуте скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви оддговори.

161 тендер за семејна фирма на Томовски, 51 тендер за „Пирамид билдинг“, 74 тендери за „Ленди груп“, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милион евра тендер преку „Пошта“ за фирма блиска до ЗНАМ.

Сите тендери водат до најтесниот круг околу Мицкоски, а повеќе од 80 дена нема реакција од Обвинителството.

Повеќе од 20 дена нема одговори за 5 тони дрога, нема одговори за фотографиите со Симе, за Адамовиќ...

Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата, но ќе добијат театар, како денеска.

Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски.

Сакаше да се претставува како чесен, но по многуте скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните.

Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад, највува некое апсење.

Немаат одговор на скандалите, веднаш прават дефокус.

Нема одговор за 5 тони дрога, веднаш 100 тони запленета марихана од Струмица.

„Лесни македонски перници“, на овој начин 5 тони дрога била пренесена преку границата. Значи, замешани се и од Царината и од полицијата, како и од други институции под контрола на владејачката структура и на Мицкоски.

Се отвори прашањето кој од актуелните функционери во Владата на Мицкоски ќе одговара?

Затоа им е потребен Артан Груби.

Цела е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ.

Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ.

А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ.

Власта ги презема судството и Обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО, сега е вистинско време Груби да се предаде.

Кој се смее кога го апсат?

Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога, а има камери за Груби?

Ова нема да помине.

Секој што го прекршил законот, ќе одговара.

 

Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија Груби да се врати

- По денешниот театар на македонската граница, веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување - посочи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.

СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година, а сега само се потврди пред очите на македонската јавност. Целта е политички дефокус и заштита на власта. На овој начин ВМРО, со поддршка од ДУИ, сака да го покрие најголемиот наркоскандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но да ги прикрие и многуте скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори, а сите криминали водат до најтесниот круг околу Мицкоски.

- Нема одговор за 5 тони дрога. Значи, замешани се и од Царината, и од полицијата, и од други институции под контрола на владејачката структура и на Мицкоски. Се отвори прашањето кој од актуелните функционери во Владата на Мицкоски ќе одговара? Затоа им е потребен Артан Груби. Целта е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ. Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ. А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ. Кој се смее кога го апсат? Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога, а има камери за Груби? Власта ги презема судството и Обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО, сега е вистинско време Груби да се предаде - посочи Кузеска на денешната прес-конференција.

 

Театар, бегството и враќањето на Груби се договорени меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција истакна дека враќањето на Груби на македонската граница претставуваат однапред договорен политички театар.

- По денешниот театар на македонската граница, веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор - рече Кузеска.

Таа потсети дека СДСМ уште во декември 2024 година предупредуваше на вакво сценарио.

- СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност - нагласи Кузеска.

Станува збор за координирана акција меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ.

- Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати“, потенцира таа додавајќи дека „ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување.

Кузеска оцени дека целта на овој договорен настап е дефокус од сериозните скандали што ја тресат Владата.

- На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот наркоскандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски - изјави таа.

Портпаролката посочи дека повеќе од 20 дена нема одговори за случајот со 5 тони дрога, ниту, како што рече, за „фотографиите со Симе, за Адамовиќ“, како и за многуте тендери поврзани со власта.

- Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата, но ќе добијат театар, како денеска. Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога, а има камери за Груби? Кој се смее кога го апсат?“

На крајот, Кузеска порача дека, без оглед на, како што рече, режираниот театар, одговорност мора да има.

- Секој што го прекршил законот мора да одговара. Ова нема да помине - истакна портпаролката на СДСМ.

 

Како нема ниту една камера за 5 тони дрога, а има камери за Груби?

 

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција рече дека враќањето на Груби е договорено меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ и очигледен дефокус од најголемите скандали на власта.

„Како нема ниту една камера од 65 илјади камери за 5 тони дрога, а има камери за Груби?“, праша Кузеска.

Таа посочи дека повеќе од 20 дена јавноста нема одговор за тоа како 5 тони дрога ја преминале границата.

„‘Лесни македонски перници’, на овој начин 5 тони дрога била пренесена преку границата. Значи, замешани се и од Царината и од полицијата, како и од други институции под контрола на владејачката структура и на Мицкоски“, рече Кузеска.

Наместо истрага и одговорност, јавноста сведочи на медиумски спектакл.

„Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата, но ќе добијат театар, како денеска“, потенцираше таа.

Кузеска нагласи дека нема одговор ниту од Обвинителството.

„Повеќе од 80 дена нема реакција од Обвинителството“, рече таа потсетувајќи и на тендерските скандали, кои, како што изјави, „водат до најтесниот круг околу Мицкоски“.

Таа оцени дека станува збор за свесна стратегија за дефокус.

„Немаат одговор на скандалите, веднаш прават дефокус. Нема одговор за 5 тони дрога, веднаш 100 тони запленета марихуана од Струмица. Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтингот на Мицкоски“, нагласи таа.

На крајот, Кузеска порача дека одговорност мора да има.

„Ова нема да помине. Секој што го прекршил законот, ќе одговара“, истакна портпаролката на СДСМ.

 

Линк до видео:  https://www.youtube.com/watch?v=7qXiZFmZi-g 

 

Фото: СДСМ

Остани поврзан