• петок, 05 декември 2025

Кузеска: Вториот вработен во фирмата со тендри од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата за прислушување

Кузеска: Вториот вработен во фирмата со тендри од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата за прислушување

1 декември 2025 

Продолжуваме со разоткривање на криминалните тендерски шеми на власта на Мицкоски. Денеска јавноста ќе слушне кој друг е поврзан со фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци, истакна портпаролка на СДСМ Богданка Кузеска на прес - конференција, што МИА ја пренесува интегрално.

Кој е вториот вработен? Што работел претоходно и во кое време?

Станува збор за извесен Глигор Поцев.

Поцев бил сведок во случајот Тагрет Тврдина за уништувањето на опремата за масовно прислушување како вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков.

А токму последниот договор со Владата и оваа фирма е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа.

Како тоа лица кои биле дел од разузнавачки структури, кои директно или индиректно се поврзани со процеси за уништување на опремата за прислушување сега се пак во игра за милионски тендери за софтвери?

И како тоа баш сега, Владата на Мицкоски избрала човек од тоа време, од тие структури, сведок за уништувањето на опремата?

Скандалот со тендери вредни 9 милиони евра, дадени  на фирма од две лица основана од пред само една година, јасно покажува дека кај Христијан Мицкоски владее истата криминална школа на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Методите се исти, милионски тендери платени од пари на граѓаните на фирми со сомнителна или релативно непостоечка историја.

Целта е иста, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.

Дури и луѓето се од истиот груевистички период очигледно!

Ништо од ова не е случајно, ова е криминален систем за крадење пари од граѓаните и контрола за кој мора да има истрага и одговорност.

Крадењето мора да запре. Инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законот.

Предупредуваме да знаат сите дека овие дела не застаруваат. Одговорност мора да има и ќе има, кога-тогаш!

Работата сè уште не е завршена.
 

Линк до видео:  https://www.youtube.com/watch?v=TGz-VlDaqqE 

 

 

 

Остани поврзан