• петок, 05 декември 2025

Кудус потпиша за Тотенхем

Кудус потпиша за Тотенхем

 

Лондон, 11 јули 2025 (МИА) – Репрезентативецот на Гана, Мохамед Кудус му се приклучи на лондонски Тотенхем од градскиот ривал Вест Хем со долгорочен договор.

Финансиските детали околу трансферот и времетраењето на договорот не се познати, но британските медиуми објавија денеска дека 25-годишниот напаѓач потпишал шестгодишен договор, до 2031 година, вреден околу 55 милиони фунти.

„Една од најважните причини поради која дојдов тука е проектот за развој на клубот под раководство на тренерот (Томас Франк)“, рече Кудус.

Кудус се приклучи на Вест Хем од Ајакс во 2023 година за околу 40 милиони евра и постигна 13 голови во две сезони во лигата со клубот. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан