• понеделник, 23 декември 2024

Кубраков: Товарен брод со жито го напушти пристаништето Одеса по нов коридор по Црно Море, прв од 16 јули

Кубраков: Товарен брод со жито го напушти пристаништето Одеса по нов коридор по Црно Море, прв од 16 јули

Киев, 16 август 2023 (МИА) - Товарниот брод „Јозеф Шулте“ денеска го напушти украинското пристаниште Одеса, на брегот на Црното Море, преку новиот поморски коридор воспоставен од Киев и покрај руските закани, јавија денеска украинските власти. 

„Бродот „Јозеф Шулте“ го напушти пристаништето Одеса и плови низ привремениот коридор формиран за цивилните бродови“, наведе Олександр Кубраков, украински министер за заедници, територии и развој на инфраструктурата на Украина.

Ова е прва пратка што го напушти пристаништето во Одеса од 16 јули, додаде министерот.

Русија се закани дека бродовите што пловат до или од украинските пристаништа по истекот на договорот за жито во јули ќе бидат потенцијални воени цели.

Како одговор, Киев најави дека ќе одговори на бродовите од украинските пристаништа окупирани од Москва. сд/

Остани поврзан