• недела, 22 декември 2024

Куба ги легализираше истополовите бракови

Куба ги легализираше истополовите бракови
Хавана, 26 септември 2022 (МИА) - Куба ги легализираше истополовите бракови, откако граѓаните гласаа за семејниот законик со што се зголемува заштитата на малцинствата на островот, објави денеска Националниот изборен совет на земјата. Од оние со право на глас, 74,1 отсто излегле да гласаат на вчерашниот национален референдум. Со 94 отсто од гласовите пребројани, 3,936,790 гласале во корист, а 1,950,090 против. Новиот семеен кодекс ја зголемува заштитата на жените, децата и на постарите лица, како и им дозволува на ЛГБТК+ паровите да се венчаат и да посвојуваат деца. Иако хомосексуалноста е легализирана во Куба од 1979 година, голем број припадници на ЛГБТК+ заедницата рекоа дека сè уште се соочуваат со отворена дискриминација. бд/

Остани поврзан