• четврток, 26 декември 2024

Кројф се врати во Барселона

Кројф се врати во Барселона
Барселона, 3 јуни 2021 (МИА) – Жорди Кројф (47), поранешниот играч на шпанскиот прволигаш Барселона и син на легендарниот холандски фудбалер и тренер Јохан Кројф, денеска е назначен за заменик спортски директор на Барса. Жорди Кројф за каталонскиот клуб одигра само 54 натпревари, по што смени многу клубови во кариерата, настапувајќи за Манчестер јунајтед, Селта, Алавес, Еспањол, Металург Доњетск, а кариерата ја заврши на Малта во екипата на Валета. Две години беше спортски директор на кипарски АЕК од Ларнака (2010 – 2012), додека истата должност ја извршува во Макаби Хаифа од 2012 до 2017 година. Од август 2020 година Кројф е тренер на кинескиот прволигаш Шензен, кој ќе го напушти на 1 август годинава и ќе ја преземе новата должност во Барселона. Неговиот татко Јохан Кројф, кој почина во 2016 година, беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а во Барселона остави неизбришлива трага подеднакбо и како фудбалер, и како тренер. ег/гт/

Остани поврзан