Крос за Вирц: Каде и да оди, ќе остави голема трага
- Плејмејкерот Флоријан Вирц и тренерот Чаби Алонсо имаат светла иднина надвор од Баер Леверкузен, изјави поранешниот германски репрезентативец Тони Крос. Првиот е трансфер цел на голем број европски фудбалски гиганти, а вториот веќе беше промовиран како нов тренер на Реал Мадрид.
Берлин, 26 мај 2025 (МИА) - Плејмејкерот Флоријан Вирц и тренерот Чаби Алонсо имаат светла иднина надвор од Баер Леверкузен, изјави поранешниот германски репрезентативец Тони Крос. Првиот е трансфер цел на голем број европски фудбалски гиганти, а вториот веќе беше промовиран како нов тренер на Реал Мадрид.
На прашањето што очекува да се случи со Вирц, Крос одговори: „Тој е толку добар фудбалер што каде и да оди, ќе остави трага“.
Медиумите во Германија долго време тврдеа дека најочекуваната дестинација за плејмејкерот од Леверкузен е локалниот гигант Баерн Минхен, но во последните недели тоа се промени. Ливерпул во моментов е водечки кандидат за 22-годишниот Вирц, кој би можел да ги чини „црвените“ 150 милиони евра.
Крос рече дека без разлика каде ќе заврши, во Баерн или Ливерпул, животот на Вирц радикално ќе се промени. Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид додаде дека е сосема логично Алонсо да го направи следниот чекор со преселба во шпанскиот гигант.
-За мене, ова е сосема логично. Тој може да биде многу успешен тренер за Реал, но неговата работа ќе биде оценета по подолг временски период. Реал е тотално различен од Леверкузен, рече Крос, цитиран од германските медиуми. дс
Фото: Архива