• петок, 27 декември 2024

Кришто им пиша на европските претставници незадоволна од потегот на Шмит

Кришто им пиша на европските претставници незадоволна од потегот на Шмит

Сараево, 27 март 2024 (МИА) - Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто денеска им пиша на високи претставници на ЕУ во врска со наметнатата Одлука за измени на Изборниот закон од високиот претставник Кристијан Шмит, јави Кликс.

Кришто денеска испрати писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел и комесарот за соседство и проширување на Европската комисија, Оливер Вархеји.

-Кришто потсети на неодамнешното отворање на преговорите и рече дека на сите во Босна и Херцеговина им е јасно дека целата изборна реформа е од особено значење за Босна и Херцеговина. Таа посочи дека БиХ како идна земја-членка на ЕУ и треба изборен закон кој нема да биде наметнување производ или надгласување. Според тоа, претседавачката потсети дека посебно внимание се посветува на усогласување на измените и дополнувањата на Изборниот закон. Надлежното Министерство за правда достави Предлог-законот до процедура на 21 март 2024 година. Во моментов е во јавна расправа, на која секој во БиХ во овој момент може да ги изнесе своите коментари и амандмани, се вели во соопштението.

Таа рече дека „наметнувањето на опсежен меѓународен надзор на дури 114 поправки е некомпатибилно со европската иднина на БиХ и е најпогубно за независна и суверена Босна и Херцеговина, имајќи предвид дека тоа е закон за кој демократскиот системот почива и кој е по Уставот на БиХ, најважниот правен акт“.

-Цврсто верувам дека наметнувањето одлука за измени на изборниот закон на БиХ, за мене, како претседавач на Советот на министри на БиХ, претставува неочекуван предизвик на кој заедно со вас ќе треба да одговориме на начин кој не го загрозува нашиот пат кон ЕУ, како и работата на институциите во БиХ, бидејќи институциите тука се тие кои мора да преземат одговорност за носење на сите одлуки, вели Кришто во своето писмо.

На крајот од писмото Кришто посочи дека е неопходно да се продолжи соработката и заедничката работа и да се зајакне довербата и почитта. Таа изрази уверување дека тоа е единствениот начин да се направи неопходниот чекор напред за сите во Босна и Херцеговина, вклучително и европскиот пат. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан