Кристоферсен триумфираше на машкиот велеслалом во Крањска Гора
- Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен победи на денешната велеслаломска трка која во рамки на Светскиот куп во алпско скијање се возеше во Крањска Гора.

Крањска Гора, 1 март 2025 (МИА) – Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен победи на денешната велеслаломска трка која во рамки на Светскиот куп во алпско скијање се возеше во Крањска Гора.
Кристоферсен славеше со 41 стотинки предност пред второпласираниот Бразилец Лукас Пињеиро Браатен, додека третопласираниот Швајцарец Марко Одермат заостана 52 стотинки.
Со својата четврта победа во Крањска Гора, Кристоферсен дојде на само 41 бодови заостанување зад водечкиот во велеслалом Одермат.
Во генералниот пласман води Одермат со 1306 бодови пред Кристоферсен. (846). ег
ФОТО: ФИС/Фејсбук