• сабота, 05 октомври 2024

Кристијан Ериксен се приклучи на Манчестер Јунајтед

Кристијан Ериксен се приклучи на Манчестер Јунајтед
Манчестер, 16 јули 2022 (МИА) - Кристијан Ериксен се приклучи на Манчестер Јунајтед потпишувајќи договор до јуни 2025 година, објави клубот. - Манчестер Јунајтед е специјален клуб, и едвај чекам да почнам. Имав привилегија да играм на Олд Трафорд многу пати, но, да го направам тоа во црвениот дрес на Јунајтед ќе биде неверојатно чувство, изјавил Ериксен. Играчот од средниот ред има 115 настапи за Данска, постигнувајќи 38 гола за својата земја. Ериксен одиграл 237 натпревари во Премиер лигата, регистрирајќи 52 гола и 71 асистенција.ар/бк/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан