Кристерсон до Орбан: Не ја мешајте Шведска во вашата изборна кампања
- „Разбирам дека во вашата земја има изборна кампања и дека овој пат сте навистина во опасност“, напиша Кристерсон на X. „Но, ние не се мешаме во вашата изборна кампања и не сакаме да учествуваме во неа“, додаде тој.
Стокхолм, 17 септември 2025 (МИА) - Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска го замоли својот унгарски колега Виктор Орбан да не ја вклучува неговата земја во неговата изборна кампања, бидејќи Орбан го критикуваше начинот на борба на Стокхолм со организираниот криминал.
„Разбирам дека во вашата земја има изборна кампања и дека овој пат сте навистина во опасност“, напиша Кристерсон на X.
„Но, ние не се мешаме во вашата изборна кампања и не сакаме да учествуваме во неа“, додаде тој.
Претходно денеска, унгарскиот премиер ја спомена борбата на шведските власти за ограничување на бројот на бомбашки напади и пукања, повикувајќи се на изјавата на Кристерсон од почетокот на 2025 година, во која тој призна дека Шведска не „ја контролира“ ситуацијата.
„Законот и редот им се уриваат, а тие ни држат предавања за владеењето на правото“, рече Орбан.
Двајцата лидери првично се судрија во понеделникот, кога Орбан ја критикуваше Шведска, велејќи дека во таа земја, позната по редот и безбедноста, „280 малолетници“ биле уапсени за убиство.
Потоа Кристерсон ги нарече коментарите на Орбан „скандалозни лаги“.
Овие „280 малолетници уапсени за убиство“ што ги спомена Орбан, станува збор за 280 девојчиња на возраст меѓу 15 и 17 години, кои беа обвинети за убиство, убиство без умисла или насилство во 2024 година, според податоците од шведското обвинителство.
Имено, таа година биле регистрирани четири случаи на убиство или убиство од небрежност и 277 случаи на насилство.сд/
фото: Х
Dear Viktor,
— Ulf Kristersson (@SwedishPM) September 17, 2025
I understand that there is an election campaign in your country, and that this time you are truly being challenged for power.
But we do not interfere in your election campaign, nor do we want to become part of it.
Sweden and the Swedish people have always been… pic.twitter.com/QhLbfeR2QN