Кристал Палас ќе мора да игра во Конференциската лига на УЕФА
- Премиерлигашот Кристал Палас ќе мора да се натпреварува во Конференциската лига на УЕФА
Лондон, 11.август 2025 (МИА) - Премиерлигашот Кристал Палас ќе мора да се натпреварува во Конференциската лига на УЕФА. Овој клуб ланската сезона го освои ФА купот на Англија и требаше да игра во Лига Европа. Но, телото за финансиска контрола на клубовите при УЕФА донесе одлука францускиот тим Олимпик Лион да игра во второто по ранг натпреварување на УЕФА.
Ова од причина што кога изборија пласман два клуба во раководствата на клубовите имаа ист човек, Џон Текстор. Тој поднесе оставка во Управниот одбор на Лион, па Кристал Палас поднесе жалба, која е обиена од страна на УЕФА.
Тоа значи дека лондонскиот клуб ќе мора да игра во третото по ранг натпреварување на УЕФА што навивачите на клубот не го прифаќаат и негодуваа на вчерашниот натпревар на Вембли (Комјунити Шилд) против Ливерпул. мн/
Фото: ЕПА