• сабота, 21 декември 2024

Кризната состојба со пожарите утре ќе се разгледува на седница на Управувачкиот комитет

Кризната состојба со пожарите утре ќе се разгледува на седница на Управувачкиот комитет

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) -  Кризната состојба со пожарите на отворено кои зафатија делови од државата ќе биде разгледана на седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи што ќе се одржи утре наутро во Центарот за управување со кризи.

ЦУК известува дека со седницата ќе раководи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и ќе присуствуваат членовите на Комитетот: Александар Николоски - вицепремиер и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски - министер за одбрана и Арбен Таравари - министер за здравство, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности - Стојанче Ангелов.

На седницата ќе присуствуваат и Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и Здравко Трајанов, директор на ЈП Национални шуми. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан