• понеделник, 23 декември 2024

Кривични пријави за злоупотреба на службена положба и перење пари во општина Петровец

Кривични пријави за злоупотреба на службена положба и перење пари во општина Петровец
Скопје, 24 септември 2021 (МИА) - Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец. Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, посочи дека во мај годинава добил анонимна претставка за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец. - Управата постапила по пријавата и вчера поднесе кривична пријава против пет лица за оштета на буџетот на општина Петровец од над половина милион евра, изјави Николовски. Пристигнаа, посочи Николовски, повеќе претставки и за работата на повеќе спортски федерации, за што целата документација е предадена до Јавното обвинителство да постапува. - Сега се е јавно. Повикувам да се користат сите алатки на алармирање, изјави Николовски. Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, рече дека до ОЈО поднела кривични пријави против пет физички и три правни лица. - Првопријавениот, во својство на градоначалник од 2009 година до сега, од 2012 година овозможил плаќање на 24 фиктивни фактури на правниот субјект „Аце транс" - Скопје, во вредност од над 31,84 милиони денари, по основ за извршени јавни набавки, иако знаел дека работите не се извршени, појасни Муареми. Против овие лица, посочи Муареми, постојат основи за злоупотреба на службената положба и должност, поттикнување злоупотреба на службената положба, злоупотреба на постапка за јавно приватно партнерство и за перење пари. аа/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан