• понеделник, 23 декември 2024

Кривична против тетовка, осомничена за „измама“

Кривична против тетовка, осомничена за „измама“

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовката А.А., на возраст од 43 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Пријавената, во текот на август 2023 година, претставувајќи се како вработена во амбасада, на 47-годишник од гостиварско село, му ветила дека ќе му овозможи добивање на виза, но, за да ја започне постапката, било потребно најпрво да ѝ плати 2.400 евра. Оштетениот ги дал паричните средства, но, до пријавувањето на настанот, тој не добил виза, појаснуваат од МВР. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан