• петок, 05 декември 2025

Кривична пријава против тетовец, пронајдени пиштол, куршуми и марихуана

Кривична пријава против тетовец, пронајдени пиштол, куршуми и марихуана

Скопје, 29 октомври 2025 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.В.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на пријавениот му е изречена мерка притвор од 30 дена.

-На 21.10.2025 во близина на место викано „Шипковичко теќе“, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф“, паркирано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. При претрес во домот и помошните простории на пријавениот биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм и рамки со куршуми, кое ги поседувал таткото на пријавениот, без соодветна дозвола, посочуваат од МВР. фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан