• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава против скопјанка за изработка и употреба на лажна платежна картичка

Кривична пријава против скопјанка за изработка и употреба на лажна платежна картичка
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(50) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка". -Пријавената, во текот на мај 2022 година, обезбедила податоци од платежна картичка на оштетеното лице и ги употребила за вршење на 12 неовластени трансакции за купување на разни услуги во вкупна вредност од 17.000 денари и за тој износ го оштетила лицето, а таа се стекнала со противправна имотна корист, информираат од МВР. дма/нд/

Остани поврзан