• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава против скопјанец за „фалсификување пари“

Кривична пријава против скопјанец за „фалсификување пари“

Скопе, 27 февруари 2023 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Р. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари" казниво по член 268 од Кривичниот законик.

Пријавениот, информираа денеска од МВР, набавил фалсификувана банкнота од 100 евра и на 24.01.2022 ја пуштил во оптек при купување на производи во продажен објект на ул.„Жегљане“ во Скопје. цр/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан