• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава против државјанин на Албанија и против правно лице од Кавадаречко

Кривична пријава против државјанин на Албанија и против правно лице од Кавадаречко

Скопје, 11 април 2023 (МИА) - ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.М.(31) од Република Албанија, со престој во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-б од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и против правно лице од кавадаречкото село Сопот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Првопријавениот, сопственик и управител на правното лице кое поседува одобрениe за одгледување на канабис во медицински цели, во периодот од 26.04.2021 до 06.04.2023, како што соопштија денеска од МВР, ја искористил опремата и просторот на субјектот и вршел одгледување на канабис во производните простории на правниот субјект, спротивно на одредбите од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. За одгледувањето не доставил известувања, а бил должен до надлежното Министерство за здравство, односно до Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис, за започнување на берба на канабис најдоцна 15 дена пред започнување на бербата, за секоја настаната промена во процесот на одгледување, за извршеното пакување и складирање.

- Откако на 05.04.2023 Одделението за безбедност на патниот сообраќај Неготино во координација со СВР Велес – ОВР Неготино – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи лишиле од слобода три лица, од кои две село Буковиќ, општина Сарај и едно од село Копаница, бидејќи при преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале биле пронајдени четири патни торби со вкупно околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра, која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра, се појаснува во соопштението.

На 06.04.2023 ОВР Кавадарци - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кавадарци извршило контрола во магацинот за готов производ на правниот субјект. При контролата биле пронајдени и одземени 225,3 килограми сув цвет и 111,1 килограми биомаса, несоодветно спакувани и необележани согласно закон. Исто така, при контролата било утврдено дека првопријавениот пријавил количини на влажна маса која не соодветствува со пронајдената сува маса од канабис од последната берба. цр/нд/

Фото:МИА

Остани поврзан