• вторник, 19 ноември 2024

Кривична пријава за убиство од небрежност

Кривична пријава за убиство од небрежност

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Приведен Т.К.(54) од с. Дедино, општина Конче, под сомнение дека, при лов на дивеч, со ловна пушка го застрелал И.К.(31), кој починал на самото место. Против Т.К. се поднесени кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела по член 126 „убиство од небрежност“, член 396 „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 228 „незаконит лов“ од КЗ.

- Имено, на 04 ноември 2024, Т.К., заедно со И.К.(31) од с. Дедино, општина Конче, со цел да вршат незаконит лов на дивеч се упатиле кон селата Лесковица и Пиперово, при што приведениот со ловна пушка која ја поседувал без дозвола од поголема далечина го застрелал И.К., кој починал на местото на настанот, информираат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден, со наредба од Основен суд Радовиш извршен е претрес во домот на Т.К., при што се одземени предмети кои се од интерес на истрагата, а лицето е приведено. ир/цр/

 

Фото: МИА

Остани поврзан