• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава за скопјанец за изработка и употреба на лажна платежна картичка

Кривична пријава за скопјанец за изработка и употреба на лажна платежна картичка
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Т.К.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка" по член 274-б од Кривичниот законик. Како што информираат од МВР, во текот на 2021 и 2022 година пријавениот обезбедил банкарски податоци од платежна картичка, сопственост на лице од Скопје, по што ги употребил за вршење на 13 неовластени транскации за купување и плаќање на разни услуги во вкупна вредност од 18.377 денари и за тој износ го оштетил сопственикот на платежната картичка. дма/сп/ Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан