Кривична пријава за приложен лажен ПЦР тест на аеродромот во Скопје
- Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј.(19), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти
Скопје, 14 август 2021 (МИА) - Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј.(19), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, на 06.08.2021 на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, пријавениот приложил фалсификуван негативен ПЦР тест. фф/лв/