• сабота, 04 мај 2024

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

Скопје, 9 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово во село Ранковце, вчера ги лишиле од слобода А.А. (31) од Скопје, И.М. (23) од Крива Паланка, Д.С. од Скопје, М.А. (24) од Скопје и З.Р. од Скопје поради фалсификување пари.

Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле кривично дело „фалсификување пари" предвидено и казниво по член 268 од Кривичниот законик, така што во месец февруари стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18 000 денари од истиот купиле девет фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра.

-Во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра. Лицата се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите пет лица им е определен 30 дневен притвор, се наведува во соопштението од МВР. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан