• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кривична пријава за непреземени мерки за безбедност на градилиште на кое загинал работник

Кривична пријава за непреземени мерки за безбедност на градилиште  на кое загинал работник

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) - СВР Струмица поднел кривична пријава против правно лице од тетовското село Вешала и против Р.Х.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непреземање мерки за заштита при работа“.

Како што информира МВР, кривичната пријава е поднесена поради непрезејмени мерки за безбедност на градилиште поради што на 12 декември 2024 смртно настрадал 60-годишен вработен (Б.З.)

-Првопријавеното правно лице и второпријавениот одговорно лице во правното лице, не презеле мерки за безбедност и здравје при работа на работниците, за работни места на градилишта, а како резултат на тоа вработениот Б.З.(60), при вршење градежни активности на 12.12. 2024 паднал и починал на местото на настанот, соопшти МВР во дневниот билтен. хс/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан