• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава за напад врз полицаец против 13 осомничени од Струмичко

Кривична пријава за напад врз полицаец против 13 осомничени од Струмичко

Скопје, 19 август 2023 (МИА) - Поднесена е кривична пријава против 12 лица од струмичкото село Баница и против едно лице од струмичкото село Градско Балдовци, осомничени за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 став 3 од Кривичниот закон. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полицијата од Секторот за внатрешни работи Струмица денеска ги лишила од слобода: С.С. (43), Д.Ј. (33), П.С. (40), И.Г. (26), И.В. (41), Т.С. (37), Р.С. (52), А.С. (43), В.К. (39), Т.В. (21), Ж.М. (33) и уште едно малолетно лице, сите од село Баница, и М.Ѓ. (23) од струмичкото село Градско Балдовци.

Тие се сомничат дека вчера во 23 часот во село Баница насилнно запреле цивилно полициско возило „шкода“, управувано од полициски сужбеник од СВР Струмица, кој во моментот извршувал службени задачи.

-Најнапред со дрвени, бетонски и метални предмети удирале по возилото, а потоа физички го нападнале полицискиот службеник со повеќе предмети. Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицата биле задржани во полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, соопшти МВР. хс/вг/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан