• понеделник, 09 февруари 2026

Кривична пријава за едно лице за давање лажен исказ

Кривична пријава за едно лице за давање лажен исказ

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.А.(35) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-На 15 мај 2023 година, пријавениот поднел барање за издавање на дупликат патна исправа поради промена на податоци, а притоа сокрил дека патната исправа му била одземена на Граничен премин Прешево, се посочува во попладневниот билтен на МВР. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан