Кривична пријава за дебранец поради насилство и загрозување на сигурноста на негова сограѓанка
- Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“, дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Д.Џ.(41) од Деб
Дебар, 24 март 2021 (МИА) - Одделението за внатрешни работи од Дебар, подонесе кривична пријава против дебранец поради насилство и загрозување на сигурноста на своја сограѓанка.
-Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“, дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Д.Џ.(41) од Дебар. Тој, на 19 минатиот месец околу 22:30 часот, во работни простории од бензиска пумпа во Дебар, упатил закани кон А.А. од Дебар, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Додава дека Д.Џ. потоа истото го сторил и во нејзиниот дом каде извршил оштетување на задното стакло од нејзиниот автомобил.
Димоски информираше и околу почитувањето на мерката за носење заштитна маска и полицискиот час.
-Во изминатото деноноќие на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, полициските службеници констатирале 28 прекршоци за неносење лична заштита, што е една од највисоките бројки до сега. Во овој месец евидентирани се вкупно 102 прекршока од овој вид, за што се издадени прекршочни платни налози, посочува тој.
Според Димоски, не се регистрирани прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот. Од воведувањето на полицискиот час во ова подрачје регистрираани се само четири прекршувања. вт/сст/