• четврток, 05 декември 2024

Кривична пријава за дебранец за поседување марихуана

Кривична пријава за дебранец за поседување марихуана

Дебар, 4 декември 2024 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Дебар, кај кој претходно е пронајдена марихуана.

-  Кривична пријава е поднесена против А.Ц.(19) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Според него, при преглед во возило „пежо“, во кое се превезувал, полициските службеници кај него пронајдшле и одзедле марихуана.

Дополнително, при преглед кај него пронајдено и одземено било пакување со марихуана. 

Деновиве полициски службеници од дебарското одделението за внатрешни работи,  приведоа двајца дебрани Б.М.(22) и Ф.Л.(22), во чиј автомобил пронашле дробилка со остатоци од марихуана. вт/дма/


Фото: МИА

 

Остани поврзан