• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава за дебранец за обид за кражба и напад врз полциски службеници

Кривична пријава за дебранец за обид за кражба и напад врз полциски службеници
Дебар, 25 февруари 2022 (МИА) - Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Дебар, кој беше приведен при обид за кражба и насилно однесување кон полициските службеници. - Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ и „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“, ОВР-Дебар поднесе кривична пријава против Р.М.(49) од Дебар, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Додаде дека Р.М. во деловен објект лоциран на главната улица „8 Септември“ во градот бил затекнат при обид за кражба, по што на полициските службеници, кои пристигнале на местото, физички им се спротивставил и се обидел да ги нападне со остар предмет. Димоски информираше и околу засилените сообраќајни контроли наведувајќи дека вчера во периодот од 11 до 16 часот, полициските службеници во Дебар затекнале еден пешак кој небезбедно и надвор од пешачки премин, преминал коловозна лента. Пред два дена затекнати биле двајца возачи на моторно возило кои, не пропуштиле пешаци при премин на обележан пешачки премин. Ним, издадени им се прекршочни платни налози. вт/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан